
Додека во одредени делови во светот живата на термометарот е на историски минус, на Балканот пак во среде зима, температурите се пролетни. Во целиот регион температурите се околу 14 степени, а на приморје и до 18 степени. Поради високите температури, на планините нема снег.
Невообичаено топло е и во Хрватска. Исти температури, според српските метеоролози се предвидиваат и следните денови, а не се очекуваат врнежи од дожд и снег.
Според зборовите на српскиот метеоролог Небојша Субановиќ, топлото време е последица на распространет циклон и единствено неговиот југоисточен дел се наоѓа под влијание на антициколoн.
„Во такви околности во нашите краеви и поголемиот дел од Европа доаѓа до топол воздух од Африка. Поради тоа времето е потопло од просекот,“ објаснува Субановиќ додавајќи дека тешко е да се процени кога ќе настапи вистинска зима.