
Ако мислевте дека во Скопје е студено, замислете како е да живеете во град каде просечна температура е -40 степени.
Во рускиот град Јакутск, вгнезден на Сибир, во последниве неколку дена се измерени рекордни – 53 степени.
Британски „Гардијан“ пишува дека Јакутск моментално е најстудениот град во светот.
Овој леден град е одалечен околу 450 килиметри од поларниот круг, а околу 270.000 жители нормално функционираат на просечна температура до – 40 степени. Но, и покрај овие, за нас екстремни температури, во Јакутск училиштата се затвораат само кога живата ќе се спушти на – 52 степени.
Зимата во овој крај трае осум месеци, а во лето, највисоката температура која е измерена е околу 25 степени, што значи дека има огромна разлика во температурите во годишните времиња.
Јакутск се наоѓа во руската република Јакутија и е познат како најстудениот град во светот. Во 19-тиот век градот расцветал по откривањето на злато и вредни минерали, вклучувајќи ги и дијамантите под замрзнатата земја, па дури 20 отсто од светското производство на дијаманти доаѓа токму од тука.
Врската на градот со останатиот свет се аеродромот и реката Лена, по која во летните месеци минуваат траекти. Во зима, кога реката е замрзната, затворениците помагаат за претворање и во автопат, кој е главниот начин за транспорт.
Најниска измерена температура во овој сибирски град е – 64 степени.
Жителите во најстудениот град се занимаваат со одгледување зајаци, лисици и ирваси пред се’ поради нивната кожа, од кои се произведуваат палта, капи, чевли и друга облека. Но, се разбира најважниот лек за студот во Јакутск останува познатата руска вотка.