Неделникот „Република“ му се „извинува“ на Шилегов

Неделниот „Република“ вчера праша дали средна класа за СДСМ значи поседување „куќичка“ од три ката со површина од 313  квадратни метри плус дворно место и сето тоа во вредност од повеќе од 400.000 евра, како и два автомобила од лускузните брендови „мерцедес“ и „ауди“. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се смести себеси во средна класа, а за капиталот на своето семејство изјави дека изнесува шест-седум милиони евра. Неговиот гласноговорник, Петре Шилегов, кој според параметрите на Заев, веројатно е, исто така, средна класа, поседува куќичка од 400.000 евра, како и два автомобила, „мерцедес“ и „ауди“.

Но „Република“ му се извинува на Шилегов што заборави дел од неговиот личен имот. Во вчерашното претставување на „средната класа“ на СДСМ, го заборавивме станот од 87 квадратни метри во Кисела Вода, исто така, сопственост на Шилегов.

„Република“ прашува колку нивоа има во средната класа на СДСМ и на лидерот Зоран Заев.  Во кој дел од средната класа спаѓа Шилегов со својот имот? Дали тој со својот имот припаѓа во најниското ниво од средната класа, со оглед дека неговиот лидер Зоран Заев со шест-седум милиони евра спаѓа во средна класа? Како би изгледала високата средна класа според СДСМ?