
Проруски демонстранти денеска упаднаа во украинската поморска база на западот на Крим. Неколку стотина невооружени демонстранти ја нападнале базата во Новофедоривко, која сега во потполност е под контрола на руските единици.
Во меѓувреме, руските сили ги опкружиле украинските трупи во Бебек кои добија наредба да бидат во „борбена подготвеност“.
Руските сили меѓу кои има и снајперисти се движат кон базата, а ултиматумот украинската војска да се повлече, истече.
Командантот во базата Бебек изјави дека и понатаму чека наредба од Киев.