
Синоќа во НБА лигата имаше богата натпреварувачка програма во која беа одиграни 13 натпревари.
Втор натпревар по ред Леброн Џејмс постигна 29 поени, и повторно неговиот тим славеше убедливо. Овојпат беше поразен тимот на Вашингтон со 113:87, а покрај Леброн, на кого му фалеа само 2 асистенции за да оствари трипл-дабл, одлична партија пружија и Кевин Лав со 21, односно Кајри Ирвинг со 18 поени.
Атланта на нашиот Перо Антиќ загуби на домашен терен од одличниот тим на Торонто со 115:126, а најмногу се истакна гостинскиот кошаркар ДеМаркус ДеРозан со 27 поени. Антиќ одигра 17 минути за кои успеа да постигне 5 поени, 3 скока и 1 асистенција.
НБА резултати:
Шарлот – Портланд 97-105
Кливленд – Вашингтон 113-87
Орландо – Голден стејт 96-111
Филаделфија – Бруклин 91-99
Атланта – Торонто 115-126
Далас – Њујорк 109-102 (пр.)
Детроит – ЛА Клиперс 98-104
Хјустон – Сакраменто 102-89
Минесота – Милвоки 86-103
Оклахома – Јута 97-82
Сан Антонио – Индијана 106-100
Феникс – Денвер 120-112
ЛА Лејкерс – Мемфис 93-99