
Американскиот претседател Барак Обама синоќа беше домаќин на годишната вечера во Белата куќа, по повод светиот муслимански месец Рамазан, пренесува БТА.
Ифтарот се одржа во Источната сала на Белата куќа, а Обама истакна дека независно од верата, луѓето во САД се едно и исто семејство.
На вечерата присуствуваа околу 40 членови на дипломатскиот кор и членови на Конгресот.