Пучот врз Македонија продолжува

Во минатата колумна ги потенцирав спротивните ставови меѓу Али Ахмети и САД. Потврдата за тоа дојде по неколку денови откако Заев се „охрабри“ да пушти снимки и од прислушувани разговори на функционери на ДУИ, и најави дека ако победи на избори ќе прави влада со „чесните“ од ДУИ без Али Ахмети.

Кои се тие „чесни“ ќе каже американскиот амбасадор Бејли. Негов проблем е дека некои од „чесните“, кои требаше да го сменат Ахмети беа убиени во Куманово.

Американците дејствуваат на принципот на кинеската капка. Ако им попуштиш за нешто, упорни се како питбули. Изнудија предвремени избори кога ним им одговара, како и точката 6 од Договорот во која се вели за „конкретна организација на Владата која ќе ги подготви изборите“. Во Брисел, Груевски го одби барањето за преодна влада, но на 29 јуни тоа барање ќе биде ставено повторно на маса. И бидејќи се знае дека премиерот нема да прифати да се повлече од функцијата, каква е желбата на Заев/Бејли, варијантите се: повторно неуспешни преговори или дополнување на Владата со некои од СДСМ. Слично на 2001 г. Ако второто биде прифатено, катастрофата за Македонија е јасна. Тука притисоците ќе бидат уште поголеми, затоа што во преговорите ќе учествуваат и македонските непријатели Ховит и Вајгл. На прославата на годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски најави дека предвремените избори ќе бидат спроведени од СЕГАШНАТА ВЛАДА. Оттука не мора да има ни милиметар попуштање, какви и да бидат уцените.

Мора да бидеме свесни дека пучот врз македонската држава е добро организиран и координиран. Не треба медиумите да си играат топло-ладно и да ги залажуваат граѓаните дека тоа што го гледаме е импровизација на „будали“. Во спротивно, ние ќе испаднеме будалите. Пучот уште не стигнал до својот врв. Негов организатор и координатор е амбасадорот на САД, а високите претставници на ЕУ се нејзини инструменти. Само за неколку денови стигнаа нови докази за тоа.

Прво: Овластениот од Европската комисија, Рајнхард Прибе и уште седум „експерти“ направиле Извештај дека не друг, туку македонските служби за безбедност ги направиле снимките што ги објавува Заев. „УБК изгледа работела надвор од своите овластувања, а и во корист на Владата, со цел да ги контролира највисоките претставници на јавната администрација“, тврди Прибе. Јас не знам дали овој поранешен директор за проширување е добар со психата, но ние не сме мајмуни како што сакаат да не’ третираат. Замислете, УБК работела во корист на Владата и затоа ја прислушувала! Мијалков го прислушувал својот братучед Никола за да го клевети кај неговиот опонент Зоран Заев. Ќе потсетам дека пред околу два месеци Бејли изјави дека снимките биле вистинити. Истиот тој искажа жалење за убиените во Куманово пред да има какви и да било вести за тоа. Од каде знаеше? Па, нормално е организаторот на сето тоа да знае и за снимките, и за терористите. Да продолжам со прашањата: Кој ја овластил самата Европска комисија (да не зборувам за „експертите“) да го истражува проблемот со снимките? Таа да не е суд? И друго, кој и’ ги дал материјалите – Заев, Бејли? На тој начин Европската комисија дејствува како криминалец во суверена држава.

Второ: Веднаш по средбата помеѓу четворицата партиски лидери, кои ја договорија средбата за 29 јуни, Хан го користи заменик-премиерот Бесими како поштар со долг список „од приоритетите за итна реформа“. Ако ги исполни тие „приоритети“, Македонија официјално ќе се трансформира во протекторат, затоа што во списокот на Хан се вклучени барања поврзани со самостојноста на државата: судскиот систем, безбедносните служби, политичкиот систем, медиумите, изборниот процес, државната администрација.

Ако се реализираат барањата во судскиот систем тоа значи и денес, и во иднина да останат неказнети сите кои работат против македонската држава. Тоа значи дека секој казнет шпион, може да добие аболиција од надвор. Со еден збор: крај на независното судство. Еве ги и другите поврзани со тоа барање: да се ревидира/укине Законот за лустрација и да не се ограничуваат функциите на тие (Милчин, Фрчкоски итн.), кои и’ прават штета на Македонија: да се отстранат квалификациите „чест“, „достоинство“ и „навреда“, со кое што ќе се овозможи опозиционите и соросидните медиуми да продолжат да плукаат врз се што е македонско, а да не бидат тужени.

Реформата во безбедносните служби практично значи Македонија да остане без своја безбедност. На САД/ЕУ им боде очи дека македонските служби го спречија македонскиот „Мајдан“, па сега сакаат целосно да ги контролираат преку своите миленици-шпиони. Во таа врска е и барањето да се намали бројот на „доверливи документи“, божем во корист на слободното новинарство.

На САД/ЕУ им боде очи дека во споредба со Србија, во Македонија се уште има слободни медиуми и новинари кои пишуваат за нивните гнасотии, па бараат реформи и тука. Се знае дека кај нас повеќето печатени и електронски медиуми, портали итн. се опозициони и се финансирани од надвор, но целта е да се уништат сите, кои не размислуваат „евроатлантски“.

Реформите во изборниот процес треба да ја прошират можноста за оспорување на изборите, затоа и се бара „зголемување на обемот и можностите за поднесување жалби и приговори“, за да може секој момент САД/ЕУ да бидат арбитри на незадоволните.

Обрнете внимание, услов за вработување во јавната администрација не бил квалитетот, туку „заслугите“ кои се спомнати неколку пати. Дали станува збор за „заслугите“ на поранешните терористи од ОНА, кои беа вработени таму или за „заслуги“ на идни терористи? Истовремено Европската комисија е против трансформација на привремените во постојани договори што ги направи Владата во корист на граѓаните.

Македонската држава мора да го отфрли безобразниот ултиматум кој води до нејзино уништување. Реформите во Македонија мора да бидат сосема други. Судството, безбедносните служби и администрацијата кои треба да работат во корист на граѓаните и државата. Медиумите треба да ја демантираат валканата пропаганда на надворешните душегрижници. Со закон мора да се одземе економската моќ на соросидите, невладините платеници, воопшто на партиските, медиумските, економските петтоколонаши. Без нивното елиминирање, џабе се секакви изборни победи. Без расчистување со петоколонашите никоја држава во светот не се одржала. Народот добро го знае тоа, затоа и во минатото кога постоела директна демократија бил бескомпромисен со предавниците.