Андреа Лекиќ во посета на кампот “Кирил Лазаров 7”

Охрид деновиве пулсира со ракометот. Синоќа на посета на кампот “Кирил Лазаров 7” пристигна Андреа Лекиќ и нејзиниот тим кој деновиве се инволвирани во академијата на ракометарката на Вардар во Охрид, пишува Шеталиште.

Тоа беше можност да се разменат мислења, да се искористат совети околу организацијата на кампот и работата со младите таленти. Лазаров и Лекиќ се фотографираа со учесниците на кампот, потпишуваа автограми и се дружеа со идните ракометарите во хотелот “Аквалина” во Охрид.

Денес е веќе нов ден и започнаа активностите на третиот ден на кампот “Кирил Лазаров 7”.