
Шоуменот Игор Џамбазов вчера се јави во емисијата „Јади бурек“ на Сител 3, откако се рашири информација дека доживеал инфаркт. Тој потврди дека бил опериран и додаде дека се чувствува добро иако набрзо му следува уште една операција.
Но, не станува збор за инфаркт туку за затнување на вените на нозете поради што му бил вграден стент.
Гледачите на популарната емисија „Јади Бурек“ се јавуваа за да му дадат поддршка на Џамбазов и да му посакаат добро заздравување.