Тешка сообраќајна несреќа се случи на влезот на Струмица.
Како што пренесува порталот Струмица денес, сообраќајната несреќа се случила на транзитниот пат на раскрсницата кај Жито Струмица.

Во неа учествувале комбе и патничко моторно возило Опел Корса. Според информациите што ги објави порталот во 4 часот изутринава интервенирале пожарникарите, а според очевидци има и повредени.
Инаку агришува бројот на сообраќајни незгоди во струмичкиот регион, во првите пет месеци годинава се случиле вкупно 222 незгоди.