
Времето во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и можна појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во првата половина од денот.
Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
И во среда се очекува нестабилност со локален пороен дожд и со грмежи особено во првата половина од денот, а потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури, но ќе дува слаб до умерен северен ветер.