
Македонија за разлика од Грција и понатаму останува четврта најниско задолжена земја во Европа и регионот со вкупен државен долг од 36 проценти и јавен од 43,6 проценти, пишува Курир
За споредба, државниот долг на Грција е 177,1 процент, а на Македонија 36 проценти.
За разлика од својот јужен сосед кој не успеа навреме да го сервисира својот долг кон ММФ, Македонија предвреме го исплати долгот кон оваа реномирана меѓународна институција. Во текот на февруари Македонија предвреме исплати долг кон ММФ во износ од 174 милиони долари со што го намали нивото на државен и јавен долг за 1,7 процентни поени.
Доказ дека Македонија е четврто наниско задолжена земја во регионот се и последно објавените податоци на Евростат за нивото на просечниот државен долг на земјите од еврозоната. Според овие податоци просечниот државен долг, во земјите од еврозоната изнесува 91,9 проценти и е за 55,9 процентни поени повисок од државниот долг на Македонија.
Потврда за стабилното ниво на долгот Македонија годинава доби и од реномираните агенции за кредитен рејтинг Стандард и Пурс и Фич.
За разлика од Македонија, агенцијата за кредитен рејтинг “Фич“ вчера повторно го намали кредитниот рејтинг на Грција на ЦЦ.