
Триесет снајпери и значителна количина муниција се украдени од полициски магацин во зграда во која претходно бил Центарот за безбедност во Подгорица.
Инспекторите привеле на информативен разговор повеќе свои колеги како и магационери кои имале клучеви. Засега никој не е официјално осомничен.
Полицијата смета дека пушките кои освен снајпер имале и придушувачи, завршиле на илегалниот пазар.
– По преселувањето на ЦБ во Подгорица во нови простории во Управата на полицијата, дел од оружјето останало во магацинот. Таму имало пушки со снајпери и придушувачи, како и околу 10.000 парчиња разна муниција, изјави за Дан соговорник од полицијата.