
Италијанскиот весник „Република“ пишува дека групата Исламска држава упатила закани за напади во Велика Британија на 7 јули.
На 7 јули се навршуваат десет години од бранот напади во лондонскиот транспортен систем. На тој датум во 2005 година, четворица британски државјани од пакистанско потекло се разнесоа во метрото и во автобус на градскиот транспорт во Лондон. Убиени беа 52 лица, а повредени 700.
Одговорноста за тогашниот напад ја презеде Ал каеда.
Сега за упатените закани соопштува американскиот институт СИТЕ, кој следи на Интернет соопштенија од терористички групи и ја набљудува дејноста на џихадистите на Интернет во врска со денешниот национален празник на САД, Денот на независноста.