
Српскиот премиер Александар Вучиќ ќе ја претставува Србија во Сребреница на 11 јули, одлучи едногласно Владата во Белград на вчерашната седница.
Одлуката ја соопшти лично премиерот Вучиќ, истакнувајќи дека „Србија е подготвена на помирување, но не и на понижување“, пренесува МИА.
На прашањето дали постојат некакви услови кои се потребни за негово заминување во Сребреница, тој нагласи дека доколку се мисли на безбедносни услови тогаш не е заинтересиран за тоа.
– Мене не ме интересираат безбедносни услови. Важно ми е што мислат за тоа Ќамил Дураковиќ, Мајките на Сребреница и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, додаде Вучиќ.