
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе претстојува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина, каде ја завршува тридневната балканска турнеја.
Меркел во Сараево ќе биде пречекана од претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, а потоа канцеларката ќе се сретне и со членовите на Претседателството на БиХ, пренесува МИА.
Германската канцеларка предвидено е да ја посети изложбата во Галеријата „11/07/1995“ и да се сретне со претставничките на Здружението „Мајки на Сребреница“.