Маж пронајден мртов во Охридско езеро

Маж од Живалево кратовско вчера околу 20 часот беше пронајден мртов во водите на Охридско езеро во близина на плажата Горица1.

Телото било пронајдено од страна на спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“.

По извршениот увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид констатирано е дека се работи за четириесет и шестгодишниот Гоце И. од с. Живалево-кратовско.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство а медицинска екипа констатирала смрт од срцев удар.

Момче се удави во Турија

Осумнаесетгодишниот Димитар В. Вчера заедно со уште три лица отишол да се капи во таканареченото место „Барата“ во атарот на струмичко Доброшинци долж реката Турија, а по некое време паднал во водата.

Веднаш по пријавувањето на настанот на лице место излегле јавен обвинител екипи на СВР-Струмица и од Територијалната противпожарна единица Струмица, кои извршиле пребарување низ водената површина и околу 21,50 часот го пронашле и извадиле на површина телото на Димитар а од страна на лекар констатирано е смрт.

Исчезната жена во Охридско езеро

Минатата година беше пријавена исчезната жена во Охридско езеро.

Во потрага по жената денеска беа вклучени вклучени полицијата и тимови на спасувачките служби при Црвениот крст, кои го пребаруваа крајбрежниот појас на езерото.

Жената се фрлила во езерото

Очевидци кои биле на местото на настанот сведочат дека истата исчезната жена во Охридскоезеро самата се фрлила во водата.

Момче се удави во Охридко во јули минатата година

Полицијата го откри идентитетот на младото момче кое беше пронајдено во водите на Охридското езеро во центарот на градот.

Давеникот е 25. годишниот Александар Ѓ. од кочанското село Зрновци. Тој дошол во Охрид да работи во познат угостителски објект, што е честа практика за време на главната туристичка сезона.

Телото на удавеното момче го забележал случаен минувач, на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден од најелитните угостителски објекти, ресторан во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри. Момчето починало од давење, но каде, кога и како се случил немилиот настан засега не се знае. Последно бил виден ден пред наоѓањето на телото во ресторанот каде работел, но тоа не е во близина на езерскиот брег. Што се случило потоа треба да открие истрагата, пишува Утрински.

Имено, на телото на момчето не беа констатирани траги на насилство.

 

Пријавената исчезната жена во Охридско езеро беше пронајдена жива и здрава од страна на полицијата. Семејството на оваа исчезната жена стравувало дека таа се удавила.