
Страшното невреме кое во понеделникот го зафати Тетово и тетовско зеде уште една жртва. Бројот на загинати во поплавите сега се искачи на пет.
Вечерва околу 20 часот, на местото викано „Бродиште“ во атарот на село Г.Речица-тетовско е пронајдено телото на Раиф Јусуфи (1954) од село Лисец, кој исчезна при невремето во понеделникот. Седум годишното детенце кое е првата жртва која ја зеде невремето му е внук на Раиф. Пред да почне невремето дедото и внукот заедно напасувале овци. Телото на малото момче беше пронајдено во двор од куќа во Речица, исфрлено од водата.
Шестгодишната Дрита од село Шипковица сеуште се води како исчезната.
Во силното невреме во тетовско животот го загубија и Хашим Ф.(83) од село Шипковица, А.М.(14) од село Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од село Шипковица.
Безживотните тела на Хашим Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во село Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во селото Голема Речица.
Во невремето во тетовско, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.
Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, предизвика излевање на повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети.
Телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени. Засега исчезна девојче како и возрасен маж. Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, информираше вчера полицијата.
Поплавите во тетовско, освен што однесоа човечки жртви, напавија и голема матаријална штета.

Нвремето во тетовско направи голема материјална штета и однесе човечки жртви
Град Скопје по невремето во тетовско, на терен испратени тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите.
Апел за помош за настраданите во Тетовско
Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од завчерашното невреме.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15-ти овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.
Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефонските броеви: 075/070/077 143-400.
Црвениот крст следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите, се вели во соопштението.
Досега Црвениот крст дистрибуираше помош, 100 пакети храна, 200 средства за хигиена, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 литри флаширана вода за пиење. Дополнително се дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.
Невремето во Тетовскиот регион одзеде четири човечки животи, едно лице се води за исчезнато, 11 се повредени, а предизвикана е и огромна материјална штета. Во Тетово денеска и утре се прогласени денови на жалост. Владата вчера на вонредна седница донесе одлука да се исплати еднократна првична парична помош за погодените домаќинства од невремето во Тетовско, а специјално формирана Комисија ќе ги проценува штетите на имотите врз основа на што ќе се утврди висината на натамошната помош.