
Сообраќајна несреќа се случила денеска попладне на улицата Ѓорче Петров во истоимената скопска населба.
До несреќата дошло кога две патнички возила се судриле, веројатно при претекнување.
Неофицијално, во денешната сообраќајка повредени нема, но причинета е материјална штета.
Во сообраќајка во Аеродром која се случи пред три дена на крстосницата меѓу „Јане Сандански“ и „Васко Карангелески“, меѓу три автомобили со скопски регистрации, повредени се шест лица.
Со „ауди“ управувал 20-годишниот Х.Џ, со „шкода јети“ 48-годишниот Д.М, а третиот автомобил во сообраќајката „форд ескорт“ го возел 20-годишниот З.Р.
Сите тројца возачи се здобиле со полесни повреди, а повредени се и сопатниците од „фордот“.
Станува збор за 20-годишните Б.З. и А.З, како и А.М роден 1997-ма година.
Возачите на „форд“ и „ауди“ заедно со повредените сопатници биле пренесени во Ургентниот центар, па пратени на домашно лекување. Возачот на „шкода јети“ е пренесен во „Свети Наум Охриски“.
24-годишниот А.П управувајќи со автомобил „Голф“ изгубил контрола по што влетал и се забил во бензинската.
Возачот и неговиот татко, 52-годишниот М.П кој бил сопатник, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентен центар.