
Северна Кореја најави дека следната недела ќе воведе своја временска зона, така што актуелното време ќе го врати назад за 30 минути.
Локалното време во Северна Кореја и Јужна Кореја и Јапонија е исто, девет часа понапред од Гринич, кое е воведено од Јапонија додека управувала со Кореја од 1910 до 1945 година.

Новата временска зона ќе почне да се применува на 15 август, на 70-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското управување и крајот на Втората светска војна.
Професорот по севернокорејски студии на Универзитетот во Сеул, Јанг Мо-јин истакна дека ваквиот потег на Пјонгјанг веројатно има за цел со антијапонските националистички чувства да се зајакне лидерството на Ким Јонг-ун во Северна Кореја.
Јужна Кореја тврди дека ја користи истата временска зона како Јапонија, бидејќи е попрактично и согласно меѓународната пракса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
ВИДЕО: Хијанг од Северна Кореја е вистнски хит на СП во Казан
Северна Кореја: Немаме интерес да се откажеме од нуклеарното оружје