Изгаснат големиот пожар над Велес

На ридот Гроот над Велес изгаснат e голем пожар со кој беше зафатена поголема површина дабова шума и пасишта, но се уште има жаришта.

Синоќа околу 19 часот  е изгаснат  големиот пожар на ридот Гроот над Велес со кој, според првичните проценки, биле зафатени околу 200 хектари ниска дабова шума и пасишта.
Синоќа околу 19 часот е изгаснат големиот пожар на ридот Гроот над Велес со кој, според првичните проценки, биле зафатени околу 200 хектари ниска дабова шума и пасишта.

Според информацијата од Противпожарната единица од Велес, синоќа околу 19 часот  е изгаснат  големиот пожар на ридот Гроот над Велес со кој, според првичните проценки, биле зафатени околу 200 хектари ниска дабова шума и пасишта.

Пожарот кој избувнал околу 14 часот го гаснеа екипи на ППЕ од Велес и вработени од ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.

Како што не информираа за МИА од ППЕ, има уште неколку жаришта поради што екипи од ЈП „Македонски шуми  Шумско стопанство Бабуна“ од Велес останаа на терен, за донекаде да ја контролираат состојбата.

Гаснењето на овој пожар беше отежнато и поради ветрот кој непрекинато дуваше на овој реон.