
Повеќе од 1.600 лица од почетокот на годинава извршиле превентивен преглед со ФОБ тест во рамки на превентивниот скрининг за карцином на дебелото црево, кој го спроведува Министерството за здравство.
938 лица упатени на дополнителни испитувања
Од извршените прегледи, кај 938 лица е утврдена потреба од дополнителни испитувања, при што кај вкупно 7 лица е добиен позитивен наод за карцином на дебело црево (колоректален карцином), стои во соопштението од Министерството за здравство.
Превентивниот скрининг за карцином на дебело црево се препорачува кај лица над 50. годишна возраст, а ФОБ тест има кај секој матичен доктор и е бесплатен.
Со Програмата за превентивен скрининг досега се опфатени лица од 50-74 годишна возраст, кои матичните лекари ги советуваат за потребата од проверка на здравствената состојба со ФОБ тест. Колоректалниот карцином е едно од најчестите малигни заболувања кое се јавува со инциденца од 15-30 нови случаи на 100.000 жители годишно.
Ризикот од појава на заболувањето зависи од повеќе фактори како што се: возраста, начинот на исхрана, физичката активност, личните и семејните предиспозиции, и ризикот се движи од 5% кај пациентите со просечен ризик до повеќе од 95% кај пациентите со одреден наследен синдром.
Токму затоа, кај лица над 50. годишна возраст се препорачуваат вакви скрининзи, имајќи предвид дека кај повеќе од 90 проценти од пациентите колоректален карцином се развива како резултат на претходни полипи, а детекцијатата на болеста во раната фаза овозможува продолжување на животниот век и подобрување на квалитетот на живот кај повеќе од 90 проценти од пациентите. Министерството за здравство изминатиот месец спроведе истражување за степенот на информираност на пациентите за превентивните прегледи за колоректален карцином. Резултатите од истражувањето покажаа дека 46.6% од испитаниците се запознаени со кампањата на Министерството за здравство за зголемување на свесноста за рано откривање карцином на дебелото црево, која го опфаќа и превентивниот скрининг. Инаку, околу 60% од испитаниците преку медиумите (печатени, електронски медиуми) се информирале за овој бесплатен скрининг. Од испитаниците кои извршиле превентивен скрининг, вкупно 84% се изјасниле дека се задоволни од односот на медицинскиот персонал кој ги прегледувал. Ги потсетуваме граѓаните, кои спаѓаат во ризична возрасна група за појава на ова заболување, да се јават кај своите матични доктори за превентивен преглед, со цел да го заштитат и сочуваат своето здравје.
Студиите покажале дека магданосот го убива ракот, а може да се користи и превентивно.