
Иако голем дел од фановите на Барселона очекуваа чудо од Меси и дружината, сепак Атлетик Билбао одигра сосема солиден натпревар и не само што го освоија Супер Купот, туку и останаа непоразени.
Натпреварот заврши 1:1, а стрелци на погодоците беа Лионел Меси и Ариц Адуриз. Вредно за одбележување е и тоа што главниот судија додели два црвени картони, на Жерар Пике и Клементе Сола.
Ова беше трет натпревар за Барселона за само пет дена, што е натчовечки напор дури и за професионалци како “каталонците”.
За Атлетик Билбао ова е втор трофеј во Супер купот во клупската историја.
All Goals HD | FC Barcelona 1-1 Athletic Bilbao… by zidanekrisz