
Претседателот на клубот, Антонино Пулвиренти призна дека платил 100 илјади евра за да намести неколку мечеви при крајот на минатата сезона во Серија Б. Катанија забележа пет победи и обезбеди опстанок во Серија Б, но сепак италијанските власти одлучија да го казнат клубот со исфрлање во Серија Д и минус од 12 бода.
Исто така, казнети се и Терамо и Савона, но немаат минус на бодовното салдо. Причината за оваа казна е што фудбалерите на Савона дозволиле Терано да победи за да обезбеди пласман во повисок ранг.