
Аргентинскиот репрезентативец и довчерашен член на Валенсија потпиша петгодишен договор со тимот на Манчестер Сити. Отаменди речиси во текот на целото лето беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и Челзи, но сепак изборот за негов следен клуб падна на Манчестер Сити.
“Граѓаните” на Валенсија ќе и искешираат 32 милиони фунти, а Отаменди ќе биде трето засилување за Сити во овој преоден рок. Претходно на “Итихад” пристигнаа Рахим Стерлинг од Ливерпул и Фабијан Делф од Астон Вила.
Николас Отаменди е еден од најдобрите дефанзивци во Примера и неговото доаѓање значително ќе ја засили конкуренцијата и ќе го подобри квалитетот во нашата одбрана“, вели менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини.
Николас Отаменди во Валенсија одигра само една сезона по неговото пристигнување од Порто, а претстојната сезона во Сити ќе го носи дресот со број “30”.