
Според овој реномиран италијански медиум, Сандро ќе ја продолжи кариерата во Јувентус, а “старата дама” ќе плати 25 милиони евра.
Иако 24-годишниот бразилски репрезентативец имал понуди од Манчестер Сити и Реал Мадрид, но сепак се решил за италијанскиот шампион, што е вкупно петто засилување за Јувентус. Претходно во клубот пристигнаа напаѓачите Паоло Дибало од Палермо, Марио Манџукиќ од Атлетико Мадрид и Симеоне Заза од Сасуоло, како и фудбалерите Роберто Переира од Удинезе, кој беше откупен по ланската позајмица и Сами Кедира од Реал Мадрид, кој пристигна како слободен агент.

Сандро кариерата ја започна во Атлетико Параенсе, во 2010-та година се пресели во Сантос. Како и да е, во славниот бразислки фудбалски клуб се задржа само една година, пред да се пресели во Португалија за 10 милиони евра.
На “Драгау” одигра околу 100 натпревари и запиша 8 погодоци, а важи за еден од најдобрите леви бекови во светот.