
Трагедија во Куманово. Се обеси младо момче, во стан во трговскиот центар Гарнизон. Случајот во МВР го пријавиле случајни минувачи.
Станува збор за 27- годишниот М.Г.(27) од Куманово, кој утринава си го одзел животот, откако се обесил во стан во трговскиот центар Гарнизон, на улицата Борис Кидрич во центарот на Куманово.

Се обеси младо момче во Куманово: Телото го забележале случајни минувачи
Како што јавува порталот Куманово Њуз, безживотното тело, како виси на петиот кат на зградата го забележале случајни минувачи во 5.45 часот и пријавиле во полиција.
Како што информираат од СВР Куманово, по извршениот увид на лице место било утврдено дека се работи за самоубиство со бесење.
На телото немало траги на насилство.