
Како што дознава порталот ЕКИПА, сериозен конфликт се случил меѓу спортскиот директор Заре Марковски и кошаркарите на националниот тим уште за време на нашето гостување во Литванија, по кое Марковски ги напуштил репрезентативните редови и од Каунас, на барање на репрезентативците, се вратил во Скопје, додека комплетната експедиција замина за Шпанија.
Според одредени информации, Марковски неодамна се впуштил во сериозни несогласувања и со селекторот Марјан Србиновски поради мешање во неговата работа, а во обидот за тотална контрола, сега следел и конфликтот со дел од кошаркарите. Незадоволни од континуираната негативност, побарано е спортскиот директор да се повлече од репрезентацијата.

Дали ова е продолжение на проблемите кои започнаа со чудното разрешување на Александар Џикиќ од селекторската позиција или репрезентацијата влегува во нова криза за само 40-тина дена, ќе дознаеме во периодот што следува…