
Голем скандал го проследи Охрид Фест. Водителката Вера Јанковиќ и директорот Григор Копров во жестока кавга.
Јанковиќ обвини дека си заминала без хонорар, а Копров ја обвини Вера за многу грешки при водењето на фестивалот.
Според директорот, Вера направила катастрофални грешки, пропуштила 4 членови на жири комисијата и прогласила погрешен победник.
На ова водителката жестоко одговори преку својот Фејсбук профил.
Се ќе прифатам драги мои од изјавеното, СЕ!!!! Само едно НЕ!!!
А бе ДЕНАР немам земено од т.н. фестивал!!! ДЕНАР! Копров, паднаа маските. ТОЛКУ.
П.С во коментар ви приложувам како изгледа извештај за награди кои јас треба да ги прочитам!!!! И ги прочитав за беља!!!
АРНО АМА во приложеново никаде не ми стои име на стручно жири??!!!! Како да го прочитам? :)))