
Гори во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево. До 16:30 часот попладнево во овие општини биле регистрирани пожари, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Гори во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево
Како што пренесува МИА, повикувајќи се на информации од ДЗС, се уште е активен пожарот во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани, каде гори мешана шума. За гасење на пожарот ангажирани се припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Скопје.
Кај село Дејковец, општина Зелениково пожарот е се уште активен. Од последните информации од Подрачното одделение, имаме сознание дека противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување повторно се насочени за гасење на овој пожар, а во моментов на лице место се и вработените од Подрачното одделение, велат од ДЗС.

Утрово околу 9. 45 часот избувнал пожар во атарот на село Крапа, во Македонски Брод, каде гори нискостеблеста шума и смрека. На терен се ангажирани две лица од Дирекцијата за заштита и спасување, три лица од ТППЕ и девет лица Шумско стопанство. Опожарена е површина од 15 хектари.
Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Свети Николе
Во општина Свети Николе, кај село Гурганци на патот кон Куманово во 14:00 часот избувнал пожар каде е опожарена ниска трева со опасност да зафати и борова шума. На терен се ангажирани противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, како и вработените од подрачното одделение за заштита и спасување.

Поради пожар, пожар кај местото Мездра, помеѓу селата Ѓуѓанци и Павлешинци, сообраќајот на патниот правец Куманово-Свети Николе беше во прекин од 15:30 часот. Огнената стихија зафати борова шума и стрниште во близина на патот.
Сообраќајот на овој патен правец, како што информираа од АМСМ, е нормализиран попладнево во 17:00 часот.
Во кичевската населба Горица појавен е пожар во 11:30 часот на стрниште. Пожарот е се уште активен и на негово гасење се ангажирани ТППЕ со едно возило и двајца пожарникари, информират од Дирекцијата за заштита и спасување.
Синоќа исто така избувна голем пожар кај езерото Младост, повеќе за ова на следниот линк.