Охрид ќе добие нова пешачка патека

Охрид ќе добие нова пешачка патека. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески попладнево беше на увид на патеката кај каналот Студенчишта каде во тек се подготвителните активности за реконструкција на првиот и третиот дел од патеката.

Охрид ќе добие нова пешачка патека
Охрид ќе добие нова пешачка патека

Во моментов, како што информираат од општина Охрид, се чисти теренот се чисти и се обележува трасата по која што ќе се движи патеката по што ќе започнат градежните активности.

Оттаму најавуваат дека многу наскоро ќе почне реконструкцијата на третиот дел од патеката каде најпрво ќе се поставува атмосферската канализација, водоводна и електрична инсталација.

Охрид ќе добие нова пешачка патека
Охрид ќе добие нова пешачка патека

Третиот дел од патеката ќе ги содржи истите инфраструктурни компоненти кои веќе се изградени во вториот дел. Во овој дел од изградбата се планираат да се опфатат 210 метри должина, а широчината на патеката ќе биде 12 метри. Целокупниот простор ќе биде соодветно инфратсуктурно уреден и поплочен со гранитни плочки (исто како во вториот дел).Во подоцниот дел од изградбата ќе биде поставено и соодветно модерно јавно осветлување, информираат од општината.

Охрид ќе добие нова пешачка патека
Охрид ќе добие нова пешачка патека

Во првиот дел од реконструкцијата на патеката ќе бидат опфатени 200 метри по што целата патека од каналот до хотел „Парк“ ќе добие нов модерен лик со автентични компоненти кои се карактеристични за Охрид.

Охрид ќе добие нова пешачка патека
Охрид ќе добие нова пешачка патека