
Пожарот на Водно кај Теферич е целосно изгаснат, а во текот на ноќта на терен беа останати дежурни екипи.
Командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски утрово изјави дека пожарот е изгаснат уште синоќа и оти е интервенирано со 13 цистерни.
Пожарот кај Теферич избувна вчера попладне, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше ставен под контрола и немаше опасност од негово проширување.
Во околината на Теферич имаше пожар и на 21. јули годинава. Тогаш беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни.
Веднаш по дојавата за ппожар, на терен излезе и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој заедно со пожарникарите се вклучи во гаснење на пожарот, објави Телеграф.мк

Вчера изутрина под контрола беше ставен и пожарот кој избувна завчера кај автопатот Скопје – Велес во близина на последниот тунел.