
Џенифер Анистон и Џастин Теру наводно не се повеќе заедно. Изгледа на ѕвездата на серијата „Пријатели“ и нејзиниот нов сопруг, кои тајно се венчаа минатиот месец, брачната идила не им потраја долго.
Ако е точно тоа што пишуваат таблоидите, тие двајца се близу до развод. На Џенифер наводно и било доста од „лажење дека е среќна“, додека Џастин „бил посреќен кога е поалеку од неа“, тврдат извори блиски до парот.
„Повеќе не може да глуми дека е среќна. Џенифер се прашува дали ја направила најголемата грешка во својот живот кога се омажи за Џастин“, вели изворот.

Џенифер Анистон и Џастин Теру се венчаа на 5 август. Актерката во моментот го снимасвојот нов филм во Атланта, додека нејзиниот сопруг поради работни обврски е во Тексас.