Штајмаер: Расте поддршката за создавање Контакт група за Сирија

Расте поддршката за создавање Контакт група за Сирија.  Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер по средбата со своите руски, француски и украински колеги во Берлин, изјави дека забележал растечка поддршка за создавање една меѓународна Контакт група за решавање на сирискиот проблем.

На маргините на состанокот, министрите за надворешни работи на Германија и Русија, Штајнмаер и Сергеј Лавров, се согласија денеска да му дадат силна политичка поддршка на пратеникот на ОН за Сирија Стефан де Мистури и на неговиот план за формирање сириска Контакт група, пренесе МИА, повикувајќи се на британските медиуми.

Де Мистура ги повика завојуваните старни во Сирија да земат учество во работната група предводена од Обединетите нации, која ќе се работи на политички, уставни, воени и безбедносни прашања.

Меркел: Соработка со Русија за решавање на кризата во Сирија

Меркел: Соработка со Русија за решавање на кризата во Сирија
Меркел: Соработка со Русија за решавање на кризата во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел претходно изјави дека Германија и другите западноевропски сили мораат да соработуваат со Русија, како и со САД, за да се реши кризата во Сирија.

Русија вчера ги повика САД на соработка за да се избегнат „ненамерните инциденти“ додека таа ги одржува поморските маневри во близина на сирискиот брег, поради што официјалните американски претставници почнаа да се сомневаат дека Москва го засилува своето  воено присуство во Сирија за да го заштити претседателот Башар ал Асад, својот долгогодишен сојзуник.