
На пријателскиот турнир “Задар Догуш Баскетбол”, кој се игра во Хрватска, Фенербахче славеше против Дарушафака со 62:59. Антиќ имаше одличен старт на својата авантура во Европа, откако постигна 10 поени, а забележа и 13 скока. Тој поените ги постигна на стартот од мечот, односно во првата четвртина, а до крајот на натпреварот беше максимално корисен под обрачите, поради што беше и најдобар “скокач”.
Најефикасен кошаркар во триумфот беше Удо кој постигна 16 поени, а потоа следеа Мухамед со 14 и Антиќ со 10 поена, додека кај Дарушфака најмногу се истакнаа Харангоди со 12 и Ерден со 10 постигнати поени. Покрај Фенербахче и Дарушфака, на силниот пријателски турнир ќе настапат уште домаќинот Задар, грчкиот гигант Олимпијакос, Црвена Звезда и Баерн Минхен.
Турнирот трае од 24 до 27 септември.