
Осум години затвор му изрече Кривичниот суд на Алмир Дрпљанин поради грабежот од комбе на „Македонска пошта“. Дрпљанин го чекаат уште две судења. Едното од нив е за убиство на полицаец при нападот на полициската единица „Алфа“ кај Природно-математичкиот факултет .
Осум години затвор за грабеж на комбе на „Македонска пошта“
Кражбата на комбето на „Македонска пошта“ се случи пред повеќе од седум години, а украдени беа над 600.000 евра.
Кривично-правниот предмет за кој беше објавена пресудата се води откако Кривичниот совет при овој суд го прифати барањето на одбраната за повторување на постапката, бидејќи на обвинетиот за истото дело му се судеше во отсуство и му беше изречена казна затвор од 15 години, велат од Судот за Телеграф.мк.
Дрпљанин го чекаат уште две судења
Дрпљанин кој во Македонија беше екстрадиран од Косово, го чекаат уште две судења. Едното од нив е за убиство на полицаец при нападот на полициската единица „Алфа“ кај Природно-математичкиот факултет .
За што се треба да одговара Дрпљанин, проследете на следниот линк.