Дополнително, како што напоменува порталот, повторно продолжува додворувањето на Заев и СДСМ кон албанските партии на штета на македонските интереси.
Овој пат СДСМ, меѓу останатите нелогични барања, во преговорите барале министерот за внатрешни работи да добие нови надлежности и овластувања, односно истиот да може самоволно и спротивно на законските прописи да одлучува. Поточно, СДСМ бара без почитување на законската постапка министерот да ги назначува новите шефови на македонските специјални сили. Партиски извори брифираат дека за да добијат поддршка за ова барања, СДСМ под маса испратиле непринципиелен договор според кој е предвидено ДУИ и ДПА да ги поддржат барањата на партијата на Заев, а за возврат Албанец по род да биде назначен за шеф на специјалните полициски сили „Тигар“.
Ваквите нелогични барања на СДСМ потврдуваат дека тие очајно посакуваат преговорите да пропаднат и Македонија да ја загуби препораката за почеток на преговорите, што секако му оди во корист на нашиот јужен сосед, Грција.