Бензема заврши во притвор

Карим Бензема е во притвор поради обвинувањето дека го уценувал репрезентативниот колега Валбуена

Според АФП, Бензема денеска пристигнал во полициска станица во Версај, во близина на Париз по што е сместен во притвор.

Тој е еден од осомничените дека го уценувал Валбуена со секс-снимка, случај во кој беше вклучен и Жибрил Сисе, но тој на 13 октомври беше пуштен на слобода, а неколку дена подоцна објави крај на кариерата. Од Јавното обвинителство го потврдија апсењето на Бензема и порачаа дека за таков прекршок казната изнесува од една до пет години затвор.

Деталите за неговата вмешаност во скандалот се уште не се познати. Она што се знае е истрагата за спорната видео снимка на која, наводно, се наоѓа Валбуена, во моментов фудбалер на Лион. Некои медиуми тврдат дека групата од Валбуена бара 150 илјади евра или снимката ќе заврши на Интернет.

Ова не е прв случај на Бензема по кој му се заканува опасност да заврши во затвор. Пред неколку години, на собир на репрезентацијата тој имал афера со малолетна проститутка која лажела за своите години. Бензема се спаси само поради тврдењето дека не знаел на колкава возраст била таа.