
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ отпушти четворица работници и суспендираше 11-мина, затоа што на протестот поради отпуштањето вработени нападнале двајца менаџери.
Компанијата одлуката ја донесе по повеќенеделната истрага и разговорите со вработените, се наведува во документите во кои АП имал увид, пренесува српски Блиц.
Четворица вработени се отпуштени поради „физичка агресија“, а 11 вработени се суспендирани на две недели без плата поради уништување на имотот на компанијата.
Активистите на синдикатот на 5-ти октомври упаднаа во седиштето на француската авиокомпанија во Париз за време на состанокот на раководството за планот за отпуштање на вработени и им ги скинаа кошулите на двајца менаџери кои потоа ја прескокнаа оградата и побегнаа со полициска придружба.
„Ер Франс“ со години нема остварено заработка и мора да ги намали трошоците за да остане конкурентен со компаниите од Блискиот Исток и нискобуџетните компании.
Повеќе за инцидентот што се случи на 5-ти октомври на следниот линк.