
Универзитетската клиника за дигестивна хирургија од денеска треба да продолжи со редовна работа, пренесе МИА.
Лекарскиот колегиум на Клиниката за дигестивна хирургија на 11-ти ноември едногласно одлучи дека тој ден и следните два (12 и 13 ноември) нема да оперираат елективни случаи и да врши елективни амбулантски прегледи, а итните случаи соодветно ќе ги згрижува.
Како причина за тоа го наведоа нивниот револт и разочараност поради обидот за убиство на нивниот колега на 9-ти ноември на неговото работно место, реакциите на јавноста, повиците за линч на лекарите и ширењето лажни информации.
За тоа што се случуваше на Клиниката за дигестивна хирурги, проследете на следниот линк.