„Мозокот“ на терористичките напади во Париз не е меѓу уапсените

„Мозокот“ на терористичките напади во Париз, Абделхамид Абуд и Салах Абдеслам, по кого е издадена меѓународна потерница, не се меѓу уапсените во вчерашната полициска акција во предградието Сен Дени на Париз, изјави доцна синоќа обвинителот Франсоа Молин.

„Мозокот“ на терористичките напади во Париз не е меѓу уапсените
„Мозокот“ на терористичките напади во Париз не е меѓу уапсените

Според неговата изјава, по пукотницата што избила за време на акцијата, во еден стан во Сен Дени биле најдени тела на две лица, но сеуште не се идентификувани.

Полициската акција била спроведена откако полицијата добила дојава дека Абуд сеуште се наоѓа во Франција. Во полициската акција биле уапсени осум лица.

Молин на пресконференцијата, не ја исклучи можноста Абуд и Абдеслам да се убиени, нагфласувајќи дека идентитетот на убиените во акцијата сеуште се утврдува.

Претходно, Вашингтон Пост објави дека Абделхамид Абауд бил убиен во операцијата во Сен Дени. Според весникот, два високи разузнавачки офицери потврдиле дека познатиот милитант од Исламска држава е убиен за време на операцијата во париското предградие.

Две лица, за кои се верува дека се Абделхамид Абауд и Салах Абдеслам, загинале во станот во кој се криеле терористите откако жена-самоубиец го активираше експлозивот на нејзиниот појас.