
На нејзиното денешно издание, Ѓорческа напредуваше 11 позиции и сега е на 327-то место што е за само едно послабо од најдобриот пласман во кариерата, остварен на 14 септември годинава.
На нашата тенисерка и беа додадени седумте бода од турнирот во Анталија одржан пред две недели на кој стигна до финалето и таму загуби од многу попознатата Алиса Клејбанова со 0:2.
За две недели, Македонката направи прогрес од 26 позиции бидејќи минатата недела скокна 11 по триумфот на првиот од двата турнири во Анталија.
Оваа сезона е најуспешна за 21-годишната Ѓорческа. Освои три ИТФ титули од вкупно пет во кариерата во сингл и дури 12 во двојки, а вкупниот биланс и е 52 победи и 17 порази.