Но, тој истакна дека „нема сомнеж дека во моменталната ситуација сите проекти длабоко ќе се анализираат“.

Изградбата на првата нуклеарна централа во Турција Акују е најголемиот инвестициски проект на Русија во Турција. Двете земји потпишаа договор за нејзината изградба во мај, 2010-тата. Проектот предвидува изградба на четири мотори од 1.200 мегавати. Според експертски проценки, во иднина оваа нуклеарна централа ќе произведува околу 17% од потрошената електрична енергија во Турција.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 22 милијарди долари. Русија досега инвестираше 3 милијарди долари. Изградбата започна во април 2015 година , а беше планирано централата да почне со работа во 2020 година.
За соборувањето на рускиот „Сухои“ од страна на турските воздушни сили, повеќе на следниот линк.