
Ви го пренесуваме демантот:
Без да навлегуваме во тоа дали се работи за тенденциозен текст со политизирачка конотација, во врска со дезинформациите кои се објавени за здружението Интернет Хотлјан Провајдер Македонија на медиумскиот портал „Курир“ во веста “Граѓаните.мк уште една пералница на пари на СОРОС за поддршка на СДСМ ”, би сакале да го истакнеме следното:
Здружението Интернет Хотлајн Провајдер Македонија е основонано во Февруари 2008 год. Со единствена цел борба против нелеглани содржини и активности во ИКТ сверата и своите активности ги имплементира преку активности на членовите на волонтерска основа. Истоте ги спроведува во комуникација со Програмата за Побезбеден интернет на Европската комисија, ИНХОПЕ и Инсафе. Единствени средства се средствата кои беа доделени како грандови од страна на програмата за градење на капацитетите на организацијата за основање на центарот за побезбеден интернет во РМ.
До ден денешен немаме добиено никакво спонзорство ниту донации од СОРОС и општина Струмица. Како оргнизација не сме биле членови на ГЕМ, а уште помлаку сме скапо платена организација која му должи и зависи од СОРОС. Тоа може да се провери преку тековна состојба на здружението во Централниот регистар.
Здружението не е компромитирана граѓанска организација и ниту политичка испостава а уште помалку канцеларија на СДСМ, меѓутоа истото е заведено во регистарот на здруженија при МТСП согласно закон поради нашите заложби за правата на децата и младите на интернет.