
Резултатите од анализата потврдија дека нема простор за паника и дека квалитетот на лекот „Ефераланган“ не е спорен, соопштуваат од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).
Како што посочуваат од МАЛМЕД, примероци од повлечениот лек биле испратени до Фармацевтскиот факултет и Институтот за Јавно здравје за контрола на квалитетот, а резултатите потврдиле дека нема простор за паника и дека квалитетот на лекот не е спорен.
Во случај кога имаме спорни серии од некој лек на пазарот, тогаш производителот е должен веднаш истите да ги повлече и за тоа да ја извести Агенцијата. Во конкретниов случај, бидејќи нема сомнеж за квалитетот, носителот на одобрението во Република Македонија на барање на производителот се обрати со допис до МАЛМЕД со кој побара доброволно повлекување на лекот како мерка на предострожност по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) при рутинска проверка на опремата за пакување на производот (надворешно). МАЛМЕД го почитува ставот на производителот и одобри повлекување на лекот EFFERALGAN орален раствор 30mg/ml со сериски броеви: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180 до ниво на аптека, а не до ниво на пациент, бидејќи потенцираме дека не станува збор за квалитетот на лекот, велат од Агенцијата.
За крај, во соопштението се посочува дека лекот доброволно се повлекува од пазарот во сите земји.

Лекот превентивно се повлекува од пазарот во Србија
Инаку, Поедини серии на лекот „Ефералган“, превентивно се повлекуваат од продажба од аптеките во Србија, поради сомнеж дека честици од пластика од пакувањето се пренесени во сирупот, објавија српските медиуми.
Повеќе за ова на следниот линк.