Говорејќи за полициската акција, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека уште еден поголем број кривични истраги се во завршна фаза, и дека ќе има уште доста акции во борбата против криминалот и корупцијата.

Тој додаде дека епилогот на вчерашната акција на МВР се 80 приведени за најтешки малверзации во областа на финансискиот криминал, дека се трага по уште четири лица и оти се поднесени уште 39 кривични пријави.
Златко Пантелиќ од Управата на криминалистичката полиција изјави дека тајмингот на акцијата е одреден врз основа на препораката на ЕК и Владата на Србија за да се испрати порака дека во сите дејности мора да се работи по закон.
Како изгледаше апсењето на поранешниот министер погледнете на следниот линк.