
Реплики на 15 метри високата Триумфална порта на Храмот на Бел во Сирија ќе бидат изградени на плоштадот Трафалгар и на Тајмс Сквер, како „гест на отпор“.
Изградбата на репликата на портата на Храмот на Бел беше предложена од Институтот за дигитална Археологија и Инстутутот за заштита на светското културно наследство, пишува британски „Гардијан“ .

Реплкики на античкиот споменик во Палмира што ги преживеа обидите на ИД за разурнивање ќе никнат во Лондон и во Њујорк.
Петнаесет метри високата порта беше еден од малкуте останати делови од Храмот на Бел кој е стар околу 2.000 години. Овој споменик беше во целост разурнат од џихадистите на ИД кои во последната година последователно го разуриваа храмот.