
Позната е причината за пожарот кој избувна во станбената зграда во Прилеп. Пожарот настана во ноќта помеѓу средата и четвртокот околу полноќ во зградата лоцирана на ул. „Браќа Ламески“.
Како што соопштува МВР, била опожарена разводната табла со 10 електрични броила и осигурувачи, која била под скалите во влезот.
Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ-Прилеп. Од увидот е констатирано дека покрај станарите од зградата од истата табла се снабдувале и три други потрошувачи.
Висината на материјалната штета, како и причините за настанување на пожарот, дополнително ќе биде утврдена.