Според Светската декларација за карцином, секоја земја треба да обезбеди скрининг на населението за рана детекција на карциномите за кои постојат скрининг методи, вклучувајќи ги и карциномот на ракот на грлото на матката и карциномот на дојката. Со воведување на овие методи значително се намалува стапката на смртност.

Во Македонија во просек годишно од карцином на дојка умираат околу 280 жени, а од карцином на грло на матка умираат околу 30 жени, и покрај тоа што двата вида на карцином можат навремено да се откријат и излекуваат.
Веб-кампања со информации за методите на превенција од рак
Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“ од Скопје по повод Светскиот ден за борба против карциономот ќе промовира веб-кампања со информации за методите на превенција од рак како потенцијално излечива болест и печатење на лифлети со базични информации за граѓаните, споделување на информации од јавен карактер за превенција, намалување на ризикот и третман на оваа болест преку веб порталот на Здружението и веб апликациите фб, твитер и слично.
Лифлетите ќе ги делат волонтери во Скопје и градовите низ Македонија каде што Здружението има подружници.