
Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека по нивно барање и по издадена наредба од надлежен суд утринава беше извршена координирана акција за наоѓање на нови дополнителни материјални докази во предметот кој во јавноста е познат како „Фабрика за афери“.
Претресот е извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени: компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа.
Од ОЈО информираат дека во акцијата спроведена утринава од слобода се лишени 5 лица.
Претходно медиумите информираа дека во акцијата се приведени братот и сестрата на Чаушот, кои се осомничени за фалсификување документи. Повеќе за ова на следниот линк.